get stuck - онтологија

забатачи повеќе

забатачат
Вид збор: Глагол, свршен
(се забатачи) се заглиби
Албански: bie në baltë
Употреба: Разговорно
Примери:
Колата се забатачи и не можеше да се помрдне.

заглави повеќе

заглават
Вид збор: Глагол, свршен
Стави, вметне, втера нешто во положба од која тешко може да се извлече.
Албански: ngulis, bllokoj
Примери:
Пушката ја заглави меѓу два камена.
(се заглави) Се вовлече, се пикне во нешто.
Албански: ngulitem
Примери:
Колата се заглави среде длабоката, црна кал на патот.
(се заглави) Се оневозможи движење, се создаде застој.
Албански: bllokoj
Примери:
Се заглавија на вратата од вагонот.

заглиби повеќе

(се) заглибат
Вид збор: Глагол, свршен
Пропадне, потоне во глиб, во кал и сл.
Албански: zhytem
Примери:
Тој до коленици се заглибил во тиња и кал.
Западне, попадне во незгода.
Албански: zhytem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се заглиби во долгови.

закопа повеќе

закопаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се закопа) Заглави, западне во непријатна ситуација.
Албански: ngul
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој се закопа во долгови.

зацапа повеќе

зацапаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се зацапа) Се доведе во несакана положба.
Албански: mbetet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој се зацапа во некакви работи од коишто тешко се излегува.